Израелскиот парламент го прифати законот во полза на еврејските населби
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Израелскиот парламент во понеделникот го прифати контроверзниот закон кој на Државата Израел ќе ѝ овозможи да присвои стотици хектари палестинска земја на Западниот брег (од реата Јордан), којашто меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија во војната од 1967 година.
Законот кој уште претходно беше оценет како уште еден тежок удар за шансите да се постигне мир меѓу Израел и Палестинците, го прифатија 60 а го одбија 52 пратеници во Кнесетот (парламентот). Прифатен е во третото, последно читање, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху ги извести САД, својот стратешки сојузник, за расправата по тоа прашања.
Со законот се легализира одземањето на палестинска земја и претставува натамошен чекор кон барем делумното анкетирање на палестинската енклава Западен брег, оценуваат критичарите.
Во говорот по гласањето, Безалеле Смотрих од Еврејско огниште, националистичка верска партија, која беше еден од предлагачите на законот, изрази задоволство поради изборот на американскиот претседател Доналд Трамп „без кого овој закон најверојатно не би минал“.
Извор: Макфакс