Извештај на ЕК: Македонците се втори најбројни баратели на Азил во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Извештај на ЕК: Македонците се втори најбројни баратели на Азил во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните на Македонија се втори по број баратели на азил во Западна Европа од земјите од Западен Балкан, веднаш по Србија, покажува најновото истражување на Европската комисија.

euflag1-2yjxiegmzt430my7a5exvk

„Вкупниот број на баратели на азил поднесени во ЕУ и земјите од Шенген зоната од страна на жителите на петте земји од Западен Балкан кои имаат визна либерализација е во постојан раст од моментот откако либерализацијата стапи во сила, со најмногу баратели во 2013 година кога имаше вкупно 54.705 апликации од сите земји. Податоците покажуваат дека во првите девет месеци од 2014 година бројот на баратели на азил е за 40% поголем од истиот период за 2013 година“, пишува во петтиот извештај на Европската комисија за визната либерализација за земјите од Западен Балкан.

Азилантите од Србија и понатаму остануваат најбројните баратели во ЕУ и земјите од Шенген зоната (42% од апликациите во 2013 биле од Србија), а веднаш по нив се барателите од Македонија, од каде се 21% од апликациите за азил, исто колку што се и од Албанија. По нив следува Босна и Херцеговина (14%) и Црна Гора (2%).

Германија и понатаму останува европската држава во која жителите од Западен Балкан бараат најмногу азил.

Официјалната статистика на Статистичкото биро на ЕУ покажува дека само во првиот месец од 2015 година 950 лица од Македонија побарале азил во европските држави. Од нив дури 920 побарале азил во Германија. Истиот месец  (јануари) лани азил барале 1.145 Македонци, а во 2013 во месец јануари азил во ЕУ од Македонија побарале 395 лица.

Земјите од ЕУ кои се мета на азилантите бараат да се скрати обработката на податоците на барателите на азил, да се скратат финансиските бенефиции за азилантите и да се зголеми соработката со државите од Западен Балкан со цел да запре бранот на лажни азиланти кои ја злоупотребуваат визната либерализација.

Извор: Капитал.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико