Извештајот на СЈО одложен за наредната недела, пратениците не биле подготвени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Александар Кирацовски, на почетокот на 32. седница на Комисијата, на која требаше да биде презентиран извештајот за работата на специјалното јавно обвинителство, изјави дека разгледувањето на извештајот е одложено, најверојатно, за наредната недела.
„Осмата точка од дневниот ред, која се однесува на извештајот за активностите на специјалното јавно обвинителство, нема да се разгледува од причина што треба да им се остави повеќе време на пратениците да се подготват. Извештајот, најверојатно, ќе се разгледува наредната недела“, рече Кирацовски.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не се појави на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс