Извештајот на СЈО пред советот на јавни обвинители | Правдико

Правдико

   

Извештајот на СЈО пред советот на јавни обвинители

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На седницата се поканети да присуствуваат јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Нивното присуство не е задолжително.

590CBCC9F56B0045B67A53BDDE805D2F

Извештајот за работата на специјалното јавно обвинителство денеска ќе биде разгледан на седница на Советот на јавни обвинители.

На седницата се поканети да присуствуваат јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Нивното присуство не е задолжително.

СЈО во вторникот до Собранието и до Советот на јавни обвинители достави извештај за активностите и за потрошените финансиски средства во изминатите шест месеци, за периодот од 15 септември минатата година до 15 март.

Ваквата обврска произлегува од законот за специјално обвинителство според кој СЈО на секои шест месеци има обврска да доставува извештај за својата работа до Собранието и до Советот.

За десет дена, пак, односно на 28 март, извештајот ќе се најде пред пратениците во Собрание.

Претходно, на 21 март, извештајот ќе биде на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извор: Утрински

Препорачуваме

Партнери на Правдико