Извештајот за разрешувањето на Катица Јанева e доставен до Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Собранието е доставен извештајот на Советот на јавните обвинители за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да ја закаже седницата на која ќе се одлучува за разрешувањето. Тој вчера најави дека ќе свика седница на комисијата, а веќе почнал консултации со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со коородинаторите на пратеничките групи. Димовски ја повтори процедурата, дека е потребна согласност од партиите и комисијата за да се предложи разрешувањето на Јанева.
Претходно, Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Катица Јанева од челната функција во специјалното јавно обвинителство.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева во случајот „Рекет“ дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот „Империја”.
Извор: Макфакс