Правдико

   

Известување од МВР за престојот на странските државјани за време на вонредната состојба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ве известуваме дека е донесена нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба.

Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со истата се продолжува период на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој. Периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението.

Имајќи предвид дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, им укажуваме на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци. Службата за странци на централно ниво на МВР, како и подрачните единици за странци, ви стојат на располагање за сите прашања во врска со регулирање на вашиот статус во државата.

            Контакт податоци:

  1. Единица за странци и реадмисија (Оддел за гранични работи и миграции): e-mail:SGRM_OSR@moi.gov.mk, телефон: +389 2 314 4478
  2. Отсек за странци и реадмисија за град Скопје (РЦ за ГР Север):

e-mail:OSRSkopje@moi.gov.mk, телефон: +389 72 911 728

————————————————————————————————————————————————————

ANNOUNCEMENT FOR FOREIGNERS

Allow us to inform you that a new Decree was adopted, legally enforcing the application of the Law on Foreigners during the state of emergency, as well as for the period after the termination of the state of emergency. The stated regulation is amending the Decree with legal force, adopted on 20.03.2020 and it extends the period of residence of foreigners to whom, a short-term residence or a visa for short-term residence has expired during the state of emergency. The period of residence is extended, both for the duration of the state of emergency and after the termination of the state of emergency, until 31 August 2020. It also extends the validity of temporary residence permits and permanent residence permits, the validity of which has expired or is expiring during a state of emergency. In this case as well, the validity of the residence permits is extended even upon the termination of the state of emergency, until 31 August, 2020. The Decree is available in addition to this announcement.

Taking into consideration that in the coming months we expect gradual normalization of the situation, opening of border crossing points and return to operation of all types of traffic for passenger, we advise foreigners to follow the development of the situation and if the conditions for travel in this period are created, to approach procedures for regulating residence, in accordance with the provisions of the Law on Foreigners. The Foreigners Unit at the central level of the Ministry of Interior, as well as the regional units for foreigners, are at your disposal for all issues related to regulating your status in the country.

Contact details:

  1. Foreigners and Readmission Unit (Department for Border Affairs and Migrations): e-mail: SGRM_OSR@moi.gov.mk, phone: +389 2 314 4478
  2. Sub-section for Foreigners and Readmission for city of Skopje (Regional Center for Border Affairs – North)

e-mail: OSRSkopje@moi.gov.mk, phone: +389 72 911 728

Партнери на Правдико