Правдико

   

Известување од ЦРМ во врска со поднесувањето годишни сметки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на Република Северна Македонија ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, во деновите 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020(петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година од 08:00 до 20:00 часот.

Централен регистар на РМ

Микро и мали субјекти  кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година.

На 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020 (петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година за самостојните вршители на дејност, со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

–    Кратово – во објектот на Општина Кратово

–    Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар

–    Крушево – во објектот на Уни банка

Воедно, ги известуваме самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи да се достави согласно новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност (Сл.весник на РСМ бр.21/20) .

Партнери на Правдико