Известување во врска со примопредавањето на конвертираните прилози во Државниот архив од страна на регистрационите агенти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
За таа цел, истите се предаваат на Државниот архив на следниот начин:
1. Регистрационите агенти е потребно да изработат попис и опис на конвертираните прилози кој се предава во Државниот архив, Прилог: Образец за попис и опис на конвертирани прилози (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)
2. Регистрационите агенти и претставници на Државниот архив изготвуваат записник за примопредавање на конвертираните прилози во просториите на Државниот архив, Прилог: Образец на записник за примопредавање (ПРЕЗЕМЕТЕ ОД ЛИНКОТ ДОЛУ)
Државниот архив е во фаза на обезбедување соодветен простор за чување во депоата, и поради тоа примопредавањето на архивскиот материјал ќе започне да се извршува почнувајќи од 1 април 2023 година.
За подрачјето на Општина Град Скопје, предавање на конвертираните прилози од страна на регистрационите агенти ќе се врши во Државниот архив – Одделение Скопје на Ул.Московска бр.1 Скопје, додека останатите регистрациони агенти треба да вршат предавање на архивскиот материјал во одделенијата на Државниот архив според надлежноста соодветно во следните градови: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Струмица, Охрид, Велес и Штип каде ќе бидат назначени лица за контакт.
Примопредавањето на архивскиот материјал се врши без финансиски надомест.