Известување за испит за извршители во октомвриската испитна сесија | Правдико

Правдико

   

Известување за испит за извршители во октомвриската испитна сесија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Известување за испит за извршители во октомвриската испитна сесија

Се известуваат сите заинтересирани лица дека во месец октомври ќе се одржи испитна сесија за полагање на испитот за извршители. Полагањето на испитот за извршители ќе биде по електронски пат согласно одредбите на Законот за извршување (“Службен весник на Република Македонија” бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/ 10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/ 13)

Кандидатот што се пријавува за испитот за извршители, треба да ти достави следните документи:

-пријава во која читливо ќе бидат наведени личните генерални точната адреса,

-број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број.

– уплатница (образец ПП/ 50) за уплатени парични средства за административна

– такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите звездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00;

– диплома за завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/I или стекнати 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија;

– доказ за најмалку пет години работно искуство на правни работи или три години на извршни работи по дипломирањето и

– уверение за положен правосуден испит (доколку кандидатот го има положено).

Секој кандидат треба да достави и Уплатница на образец ПП/ 50 со следните податоци:

цел на дознака- полагање на испит за извршители;
назив на примачот- Министерство за правда;
банка на примачот-НБРМ;
сметка – 100000000063095;
износ – 9.000,00 денари;
сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
приходна шифра и програма – 723013-10.

Потребите документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат најдоцна до 15 септември 2016 година во архивата на Министерството за правда ул. Димитрије Чуповски” бр.9 Скопје.

Некомплетираните документи нема да се разгледуваат.

Министерството за правда ќе ги објави имињата на кандидатите на кои им е одобрено полагањето на испитот за извршители, како и времето и местото на полагање на испитот најмалку осум дена пред одржување на испитот на веб страната на Министерството за правда.

Препорачуваме

Партнери на Правдико