Правдико

   

Известување за намалување и укинување на увозните давачки за доматно пире и слатки пиперки

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaИзвестување за намалување на увозните давачки за доматно пире во рамки на квота

Во Службен весник на Република Македонија број 169 од 18.11.2014 година е објавена Одлука за намалување на увозните давачки за доматно пире.

Во оваа одлука согласно член 19 став 7 од Царинскиот закон се пропишува мерка за намалување на увозните давачки – царинска стапка при увоз на доматно пире, тарифна ознака 2002 90 91 00 од 50% на 25% за квота во количина од 500 тони, која влегува во сила од 26.11.2014, со рок на важност заклучно со 30.06.2015 година. Количината која еден корисник може да ја увезе изнесува најмногу 125 тони.

Распределбата на квотата ќе се врши по принципот “прв дојден, прв корисник”.

Известување за укинување на увозните давачки за слатки пиперки во рамки на квота

Во Службен весник на Република Македонија број 169 од 18.11.2014 година е објавена Одлука за укинување на увозните давачки за слатки пиперки од родот capsicum или од родот pimenta.

Во оваа одлука согласно член 19 став 7 од Царинскиот закон се пропишува мерка за укинување на увозните давачки – царинска стапка и посебна давачка при увозот на пиперки од родот Capsicum или од родот Pimenta: слатки пиперки, тарифна ознака 0709 60 10 00 за квота во количина од 2.000 тони, која влегува во сила од 19.11.2014 година, со рок на важност заклучно со 31.12.2014 година. Количината која еден корисник може да ја увезе изнесува најмногу 500 тони.

Распределбата на квотата ќе се врши по принципот “прв дојден, прв корисник”.

Извор: Царинска управа на РМ

Партнери на Правдико