Известување за полагање на стручен испит за вештак | Правдико

Правдико

   

Известување за полагање на стручен испит за вештак

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ВЕШТАК ВО ДЕКЕМВРИСКА
СЕСИЈА 2020 година.

*Пријавувањето на испитот е од 1 до 15 Ноември 2020 година.

Се известуваат сите кандидати кои се заинтересирани за полагање на стручен испит за вештак да поднесуват Барање за полагање на стручен испит во (1) еден од наредените области:

-Материјално, сметководствено и финансиско работење;
-Сообраќај;
-Земјоделство;
-Шумарство;
-Психиатрија;
-Градежништво;
-Електротехника;
-Геодезија;

Кандидатот што се пријавува за стручен испит за вештак треба да ги достави следните документи:

– Барање со уплатница за административна такса од 50 денари.
– да е државјанин на Република Македонија (Уверение за државјанство не постара од 6 месеци) оригинал или заверена на нотар.
-да има живеалиште во Република Македонија (Копие од валидна лична карта)
-Копие од диплома заверена на нотар за завршено високо образование од соодветна област (диплома со завршено (4) четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според (ЕКТС)).
-Потврда дека со правосилна одлука не ви е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност (Оригинал/Заверена на нотар) не постара од 6 месеци.
– Потврда за најмалку пет (5) години работно искуство во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит(оригинал или заверена на нотар).

Покрај горенаведените документи, потребно е да се уплати на уплатница ПП/50, со следниве податоци:

-Цел на дознака на дознака – за полагање на стручен испит за вештак.
Назив на примачот: Министерството за правда
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095
Износ: 9.000,00 денари
Сметка на буџетски корисник: 070010014063112
Приходна шифра и програма: 723013-10

УПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Се уплаќа на жиро сметка на образец ПП 50
Од десната страна :
· Назив и седиште на примачот: Буџет на РМ
· Банка на примачот: НБРМ
· Трансакциска сметка: 10000000063095
· Уплатна сметка: 840 Шифра на општината 03161
· Приходна шифра и програма: 722313 00

Препорачуваме

Партнери на Правдико