Известување за пријавените кандидати за полагање на нотарски испит | Правдико

Правдико

   

Известување за пријавените кандидати за полагање на нотарски испит

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се известуваат кандидатите кои се пријавиле за полагање на нотарски испит во декемвриска испитна сесија, дека писмениот дел од испитот ќе се одржи на 17 и 18 декември 2020 година со почеток во 10 часот во салата (на приземје) во Министерството за правда.

Сите кандидти кои ќе дојдат да го полагаат писмениот дел од испитот треба да носат заштитна маска и документ за идентификација (важечка лична карта или пасош).
Кандидатите треба да дојдат 15 минути порано пред почетокот на полагање на испитот, заради целосно спроведување на пропишаните мерки и протоколи за заштита.

Министерството за правда ќе ги преземе сите потребни активности за обезбедување на соодветни услови за одржување на испитот. Резултатите од писмениот дел од нотарскиот испит ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за правда. Усниот дел од испитот ќе се одржи на 24 и 25 (декември) 2020 година со почеток во 10 часот во салата (на приземје) во Министерството за правда. Распоредот за полагање на кандидатите за писмениот и усниот дел од испитот ќе бидат дополнително објавени на веб страната на
Министерстовото за правда. Ви посакуваме успех на денот на полагањето,

Препорачуваме

Партнери на Правдико