Извршен претрес во дом и други простории во Тетово по барање на јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Извршен претрес во дом и други простории во Тетово по барање на јавен обвинител

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот ден по издадена судска наредба, а во присуство на надлежниот јавен обвинител е извршен претрес на објекти сопственост на осомничениот.

При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат пронајдено е еден килограм наркотична дрога марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и други предмети, а при претресот на другиот објект пронајдено е поголемо количество (околу 45 килограми) на наркотична дрога-марихуана спакувана во полиетиленски вреќи која била набавена од НН лице од Република Албанија. По Наредба на јавен обвинител извршена е фото и видео документација на пронајдените предмети при претресот, предметите се подигнати и испратени на вештачење.

Осомниченото лице е лишено од слобода и задржано во Полициска станица- Тетово и во текот на денешниот ден ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка при Основниот суд – Тетово.

Партнери на Правдико