Извршен увид на местото кај с.Слупчане, кумановско, каде синоќа беа застрелани две лица | Правдико

Правдико

   

Извршен увид на местото кај с.Слупчане, кумановско, каде синоќа беа застрелани две лица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило во кое биле истрелани повеќе куршуми.  На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осум годишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите. Пронајдени се и подигнати поголем број на испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико