Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Публикацијата „Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права – механизмот при Советот на Европа и националниот институционален контекст“, претставува прв дел од едиција составена од три засебни но тесно поврзани публикации, чија изработка е поддржана и под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел да се актуелизира тематиката за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, да се збогатат стручните ресурси и содржини во конкретната област, но и да се подигне свеста за значењето на оваа проблематика за правната реформа во Северна Македонија.
Оваа публикација всушност претставува вовед во темата на извршување на пресудите на Европскиот суд, при што се дава еден општ приказ на системот на извршување: се објаснува улогата на Комитетот на министри при Советот на Европа, поимно се обработуваат и разграничуваат т.н. општи мерки (кои најчесто подразбираат законски измени) и поединечни мерки (кои се однесуваат конкретно на апликантите во чија корист била донесена пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права), а се прави и осврт на националниот контекст односно систем на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Северна Македонија.
Целото издание можете да го погледнете ТУКА