Јахјага: Инцидентите не се во прилог на стабилноста во регионот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателката на Косово, Атифете Јахјага во првата реакција за вчерашниот инцидент во Гошинце вели дека на регионот му е потребен мир.
– Вакви инциденти никому од соседните земји не му се во прилог, посебно на овој дел од Западен Балкан. Сега секој е држава, создадена според сопствените уставни и законски рамки, фунционирајќи добро и ние секогаш треба да инсистираме на промоција на мирот и стабилноста на граѓаните, изјавила Јахјага во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова.
Коментирајќи ги случувањата во Македонија Јахјага рекла дека Косово е пример на мирот и меѓуетничката толеранција.
– Ние живееме во век на интеграции. Косово и другите земји, се пример на толеранција и не само меѓу заедниците, тоа е најдобар пример. Ние треба да се откажеме од националистичките агенди бидејќи веќе видовме во изминатите декади какви болни последици предизвикаа кај нашите граѓани, изјавила Јахјага.
Извор: Утрински Весник