Јанакиески и Божиновски остануваат во затворот „Скопје“, Апелација ги одби жалбите на бранителите | Правдико

Правдико

   

Јанакиески и Божиновски остануваат во затворот „Скопје“, Апелација ги одби жалбите на бранителите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлука да ги одбие жалбите за притворот на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, потврди судијата Сафет Кадрии од Апелациониот суд за „Макфакс“. По оваа одлука, тие остануваат во затворот „Скопје“ бидејќи, за судот, жалбите се неосновани.

Адвокатите на Божиновски и Јанакиески на јавна седница побараа укинување на притворот и посочија дека немаат намера да бегаат, а со мерката за обезбедување присуство институциите ги прекршиле законите. Јанакиески и Божиновски беа притворени во затворот „Скопје“ по бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Одлуката за притворот ја донесе кривичниот суд по барање на специјалното јавно обвинителство, кое добило информации од Упрвата за безбедност и контраразузнавање дека двајцата се подготвувале за бегство.

Во решението на кривичниот совет на скопска „единица“ за прифаќањето на предлогот на СЈО, Јанакиески да биде притворен, пишува дека Јанакиески преку посредник барал амнестија од претседателот Ѓорге Иванов. Неговиот кабинет негира дека се одржала средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК.

Оттаму известија дека Јанакиески телефонски побарал средба со претседателот Иванов, која се одржала на 13.11.2018 година во кабинетот на Иванов. Но, на средбата не дискутирале за амнестија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико