Јанакиевски денес на рочиште за нелегална продажба на градежна парцела во Сопиште | Правдико

Правдико

   

Јанакиевски денес на рочиште за нелегална продажба на градежна парцела во Сопиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и уште пет лица денес во судница за предметот „Топлик“ на СЈО. Тие се обвинети за нелегална продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Во „Топлик“ првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

На минатото рочиште адвокатите пред почетокот на главната расправа побараа изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно.

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа Судот да не го прифати приговорот.

Судијата Осман Шабани рече дека Судечкиот совет ќе одлучи дополнително за барањето на одбраната и оти за одлуката, односно за тоа дали ќе биде прифатено ова вештачење или ќе биде назначен нов вештак странките ќе ја добијат на писмено известување.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико