Jанакиевски: нема продолжување на рокот за легализација на чамци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Рокот за поднесување барања за легализација на чамци истекува на 3 септември. Сопствениците на пловни објекти кои немаат поднесено барање до судот, да го направат тоа во предвиднеиот рок, бидејќи пролонгирање нема да има“, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска ја посети Капетанијата на пристаништата во Охрид.
Досега, според него, поднесени се 137 барања од кои 55 се прегледани и за нив деновиве се очекува да излезат решенија, а 17 се веќе легализирани.
„Барањата се едноставни: се доставува изјава, каде имателот на чамец покажува дека е сопственик на тоа возило и одговара под морална и кривична одогворност и формулар каде со штиклирање треба да означи каков е чамецот, за што се потребни не повеќе од пет минути. Треба да уплати 480 денари судска такса за поднесување на барањето и кога ќе го подигне решението треба да плати уште 480 денари. Вкупниот трошок за легализација на чамец изнесува 960 денари“, појасни Јанакиески.
Извор: Утрински весник