Јанева бара избраните помошници да не дадат свечена изјава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева бара избраните седум обвинители да не дадат свечена изјава по нивниот избор затоа што, како што вели, таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Се заблагодарувам на Советот на јавните обвинители на Македонија на поканата да присуствувам на давањето свечена изјава на јавните обвинители, кои треба да бидат дел од тимот кој беше предложен од моја страна.
Во овој контекст, реферирајќи се на доставената покана од страна на Советот, во консултација со дел од тимот на јавни обвинители кои се избрани и имајќи го предвид нивниот став во врска со одлуката на Советот, им препорачувам да не ја прифатат поканата на Советот на јавните обвинители и да не дадат свечена изјава по повод нивниот избор, од причина што таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вели Јанева во денешното соопштение до медиумите.
Таа бара Советот на јавните обвинители на да закаже седница и да го избере тимот од јавни обвинители предложен од неа, согласно Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Јанева изразува благодарност за целосната подршка која ја има од Претседателот на Македонија, од политичките партии потписници на Договорот од Пржино, од пратениците, од меѓународните фактори кои учествуваат во спроведување на Договорот од Пржино, од медиумите, како и од граѓаните кои сакаат да живеат во правна држава.
Извор: 24Вести