Јанева доби тим, пари и простории, може да почне да работи | Правдико

Правдико

   

Јанева доби тим, пари и простории, може да почне да работи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на јавни обвинители прифати уште пет јавни обвинители кои ќе и бидат помошници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со кои составот на ова тело е проширен на вкупно дванаесет заедно со претходно избраните седум јавни обвинители.

katica-janeva

Петтемина јавни обвинители избрани за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство, се: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал.

Претходно, на 14 октомври 2015, Советот избра седум јавни обвинители за Специјалното обвинителство: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Сите 12 јавни обвинители денеска во 11 часот треба да дадат свечена изјава.

Претходно Јанева доби и буџет од 1 милион евра, а како што еМагазин објави, доби и канцеларии, односно ќе работи во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико