Јанева ги побара „Пуч“, „Израeлска опрема“, „Изборни измами“... | Правдико

Правдико

   

Јанева ги побара „Пуч“, „Израeлска опрема“, „Изборни измами“…

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите четири предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори.

900CACCC-BC1F-45B0-A209-AF6BAFD57D64_w640_r1_s

Првиот предмет е оформен од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесена кривична пријава од СДСМ против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговата поранешна соработничка, а сега судијка во Вишиот управен суд Светлана Костовска и против Израелецот Хаим Хакијни во врска со наводна провизија при набавка на израелска опрема за специјалната полиција.

Вториот предмет оформен од Основното јавно обвинителство Скопје по поднесена кривична пријава од СДСМ против премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против непознати лица вработени во МВР за фалсификување исправи и повреда на избирачкото право.

Третиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Битола, а е против битолскиот градоначалник Владимир Талески и лицето С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба.

Четвртиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Куманово, а е оформен по кривична пријава од физичко лице против непознато одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање.

Јанева го побара и предметот „Пуч“ од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека од јавните обвинителства во земјава ќе бара нови предмети на 15 дена.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико