Јанева го презентира извештајот во Советот на јавни обвинители
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
Седницата на Советот на јавни обвинители е отворена за јавноста и дозволено е присуството на новинарски екипи.
Истовремено, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат да продолжат со расправата.
Претседателот на собраниската комисија, Влатко Ѓорчев, двапати ја одложува седницата поради тоа што Јанева не присуствувала.
Претходно, во 10 часот утринава, Јанева ја отвори прес-конференцијата на СЈО за случајот „Трезор“ и веднаш замина во Советот на јавни обвинители, а случајот го презентираа обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.
Извор: Мета