Јанева побара истражители и докази од институциите за изборните нерегуларности | Правдико

Правдико

   

Јанева побара истражители и докази од институциите за изборните нерегуларности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

JANEVA1-648x4001На денешната прес конференција на Специјалното обвинителство се изнесоа детали за ангажирање на истражители во тимот на ова Јавно обвинителство и информации за воспоставување стварна надлежност врз предмети.

До Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција доставени се наредби во смисла на одредбите од Законот за кривична постапка со кои се бара одредени службени лица да бидат доделени за работа во ова Јавно обвинителство како истражители.

На прес конференцијата беше известено дека од страна на Основното јавно обвинителство Битола доставен е предметот кој беше побаран од страна на обвинителството како и дека Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  ги доставија сите предмети кои беа оформени пред овие обвинителства и кои беа опфатени во статистичкиот преглед на податоци меѓу кој е и предметот Пуч.

Во поглед на одлуката за тоа дали врз сите предмети ќе биде воспоставенa стварна надлежност на ова Јавно обвинителство и врз кои предмети ќе биде воспоставена стварна надлежност ќе биде донесена во предвидениот законски рок од 8 дена.

Поводот за свикување на оваа конференција за печатот според обвинителството е фактот што се донесени првите одлуки за воспоставување на стварна надлежност на  Јавното обвинителство врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје, кои се однесуваат на изборните нерегуларности. Од обвинителството појаснуваат дека во изминатиот период правени се анализи на доставените статистички податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија, како и анализи на јавно објавените материјали од незаконското следење на комуникациите. Овие анализи покажаа основано сомнение дека се работи за предмети кои се во надлежност на ова јавно обвинителство, што се потврди од увидот во списите на предметите. Во оваа насока обвинителството појаснува  дека од овој момент единствено надлежни за постапување по предмети поврзани со изборните нерегуларности за изминатиот период, а кои се поврзани и произлегуваат од незаконски следените комуникации е Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во оваа насока до сите држани органи и иматели на докази ќе бидат доставени барања за доставување на докази поврзани со изборните нерегуларности.

Во однос на  бараниот предмет од Основното јавно обвинителство Куманово, сеуште не е доставен до ова Јавно обвинителство.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико