Јанева почна со работа, побара податоци од Јавното обвинителство | Правдико

Правдико

   

Јанева почна со работа, побара податоци од Јавното обвинителство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното обвинителство соопшти дека почнало со работа и дека побарало статистички податоци од Јавното обвинителство за предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија во однос на прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ.

9d1114cd-39e3-489b-8e22-48db4b57900b-3d27c9a3-af2c-4497-8fed-f261416efa05-h

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, односно, Специјалното јавно обвинителство, соопшти дека податоците ги побарало спроед член 11 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/05), како и Работниот план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, а кое го води Катица Јанева.

По добивањето на статистичките податоци ќе биде доставено посебно барање до секое обвинителство за доставување на предметите, соопштуваат од таму.

Фото: МИА

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико