Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе дава отчет за примањето на материјалите од Заев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за јавни обвинители на затворена седница денеска ќе расправа за работењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
На седницата треба да се расправа за пропустите во исполнувањето на законските одредби при примањето на материјалите од прислушуваните разговори кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги предаде на Специјалното јавно обвинителство лани на 30 декември.
Забелешката е дека при примопредавањето не бил потпишан записник и листа за примените аудиоснимки и транскриптите.
Јанева и Заев претходно изјавија дека не постои записник за примопредавањето, што според Законот за кривичната постапка е задолжително.
Извор: еМагазин