Правдико

   

Јанева се појави на „Пуч“, судењето одложено за март

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска се појави на судењето за случајот „Пуч“.

6724ABF12C39004ABB20204B681B5F61
Јанева побара одлагање на судењето за месец март, со цел да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2 март, а целиот тим на Специјалното обвинителство ќе врши увид во случајот.

Од август кога беше закажано првото рочиште, судењето постојано се одложува.

Најпрво, причината беше непојавувањето во судот на Заев, кој бараше предметот да биде предаден во надлежност на специјалното јавно обвинителство.

Откако тимот на Јанева го презеде во своја надлежност, и претходно рочиште беше одложено на барање на специјалното јавно обвинителство.

66802C39ACAF224392D247045381560F

СЈО тогаш преку писмо го извести судот дека бара одложување на судењето, затоа што им е потребно дополнително време целосно да се запознаат со содржината на доказите што се доставени од судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што им бил доставен.

На минатото рочиште Заев за првпат присуствуваше во судница. По одложување на рочиштето лидерот на СДСМ истакна дека верува дека сега, откако предметот е преземен од страна на специјалното јавно обвинителство, целата вистина ќе излезе на виделина.

Во случајот покрај Заев, кој е обвинет за насилство спрема високи државни функционери, обвинети се поранешниот прв разузнавач Зоран Верушевски, кој се товари за шпионажа, неговата сопруга Соња Верушевска, службеникот од општина Струмица Бранко Палифров и вработен во МВР Ѓорги Лазаревски. Пред Нова година судот го прифати предлогот на СЈО доставен по барање на одбраната за ослободување од притвор на Верушевски и Лазаревски.

1E743F82330F5E4A9E1169E2FAE101E2

Извор: Утрински Весник

Фото: Андреј Гиновски

Партнери на Правдико