Јанева : СЈО ќе ја заврши работата до крај
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Катица Јанева е апсолутно убедена оти СЈО ќе добие можност до крај да ја заврши својата работа. Во интервју за ДВ, таа оценува дека во изминатите 10 години во Македонија се изместиле моралните вредности.
Десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на криминални дејствија и уцени, вели во интервју за Дојче веле специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа очекува да биде продолжен мандатот на СЈО, и ги повикува сите граѓани доколку поседуваат снимки или докази за извршени криминални дејства и натаму да соработуваат со специјалното обвинителство.
Нејзините очекувања се дека експремиерот Никола Груевски ќе биде изведен пред суд и ќе одговора за сомнежите и обвинувањата кои му се ставаат на товар, но Јанева одбива да дава прогнози за резултатот на тој процес повикувајќи се на еднаквоста пред законот и презумпцијата на невиност. Сепак, таа нема дилеми дека во Македонија во изминатите 10 години се владеело со криминални дејствија и уцени.
Извор: Макфакс