Јанева: Темелите на уставниот поредок се уништени | Правдико

Правдико

   

Јанева: Темелите на уставниот поредок се уништени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

18112016112535_web_nino-slikiДваесет и пет годни по донесувањето на Уставот на Република Македонија, донесен на 17 ноември 1991 година, темелите на уставниот поредок се уништени со следењето на повеќе илјади лица од 2008 до 20015 година, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот на денешната прес-конференција на која е најавено обелоденување на нова истрага, насловена „Таргет“.

– Нема сомневање дека денешните можности за повреда на приватноста се големи, но токму затоа е неопходно е секој граѓанин да знае дека државата има двојна одговорност, да се воздржи од неовластен упад во приватноста и да ги заштити од упад во приватноста од трети лица оваа обврска не се почитувала, напротив се злоупотребувала од посебно важна институција, УБК, од вработени, со средствата на Македонија. Неспорно е дека државата во одредени мерки има право да навлегува во приватноста во одредени услови – рече Јанева.

Таа истакна дека и во извештајот на Прибе се наведени бројни недостатоци на различни институции, меѓу кои е и УБК.

– Никој нема да ме обесхрабри ниту може да влијае во исполнување на оваа задача што вие граѓаните ни ја дадовте. Повторувам дека и во оваа прилика се чувствувам слободна и цврста бидејќи на моја страна се уставот законите, правдата и вистината и чувствувам силна поддршка од јавноста. Јасно и гласно кажувам дека нема да молчам ниту за една нерегуларност, ниту пак некој ќе биде заборавен во борбата што ја водам против беззаконието. Ќе ги вложам сите сили криминалот да не ја одбегне казнивоста затоа што криминалците мора да застанат пред судот на правдата, независно за кој станува збор – истакна специјалната јавна обвинителка.

По неа, обвинителката Фатиме Фетаи ќе ги обелодени деталите околу новата истрага која е насловена „Таргет“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико