Јанкулоска не смее да го напушти Скопје до правосилност на пресудата | Правдико

Правдико

   

Јанкулоска не смее да го напушти Скопје до правосилност на пресудата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, не смее да го напушти Скопје до правосилност на пресудата. Ваквата одлука ја донесе кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, кој денеска ја осуди Јанкулоска на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавката на луксузниот владин „мерцедес“.

Советот го усвои предлогот на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, за дополнителна мерка за претпазливост за Јанкулоска, која не смее да го напушти живеалиштето. Мерката ќе важи од правосилноста на решението до правосилноста на казната.

Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службената должност и овластувањето, односно дека го поттикнала помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, да изврши кривично дело. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“ бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а поранешниот помошник во Министерството Ѓоко Поповски, доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да му влијае и да врши притисок.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико