Јанкулоска низ солзи: Требаше да се грижам за двомесечно бебе, немав еднакви можности да се бранам од обвинението | Правдико

Правдико

   

Јанкулоска низ солзи: Требаше да се грижам за двомесечно бебе, немав еднакви можности да се бранам од обвинението

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на одвоената постапка за случајот „Тенк“ рече дека кај дел од Судечкиот совет, чиј претседател е судијката Добрила Кацарска, постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес.

Јанкулоска низ солзи ја прокоментира одлуката на Судечкиот совет во експресен рок да го заврши процесот.

„Ова постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од Судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење одлука во експресен период. На почетокот на процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеци, а сега на крајот има 3 месеци“, рече Јанкулоска низ солзи.

Ексминистерката смета дека овој случај немало потреба да се смета како итен и да се заврши за само 1 месец. Таа повтори дека нејзината вина во очите на судот воопшто не е спорна со оглед дека била утврдена без нејзино присуство при осудата на експремиерот Никола Груевски и поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски.

Јанкулоска покрај обвинувањата кон Судечкиот совет, во завршните зборови ги отфрли сите обвинувања дека имала некакво влијание во набавката на луксузниот „мерцедес“, односно дека извршила злоупотреба на службената положба со поттикнување на тогашниот заменик-министер Ѓоко Поповски да го нарача автомобилот „мерцедес ес 600 гард“ по желба на експремиерот Никола Груевски, а притоа да го фаворизира операторот „Макаутостар“.

Пресудата ќе биде соопштена на 8 октомври. Aко судот ја прогласи за виновна, на Јанкулоска ѝ се заканува затвор од најмалку 5 години.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико