Јанкулоска осудена на 6 години затвор за набавката на „мерцедесот“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е осудена на казна затвор од 6 години за набавката на луксузниот владин „мердецес“. Таа треба да ги надомести и судските трошоци во постапката.
„Носителите на јавни функции не смеат да ги потценуваат и омаловажуваат граѓаните“, рече судијката Добрила Кацарска при изрекувањето на пресудата. Таа посочи дека обвинетите се договориле да глумат до локалните избори дека возилото е на МВР за да остварат политички поени.
Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службената должност и овластувањето, односно дека го поттикнала помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, да изврши кривично дело. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“ бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а тогашниот помошник во Министерството, Ѓоко Поповски, доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.
Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да му влијае и да врши притисок.
Извор: Макфакс