Јанукович прогласен за виновен за предавство во Украина | Правдико

Правдико

   

Јанукович прогласен за виновен за предавство во Украина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Киев денеска го прогласи поранешниот украински претседател Виктор Јанукович виновен за предавство, соучество во обид за промена на државната граница и за влегување во војна. Судијата денеска рече дека Јанукович е виновен затоа што го повикал рускиот претседател Владимир Путин да распореди војска во Украина.

Обвинителството бараше 15 години затвор за Јанукович, кому му се суди во отсуство, зашто по соборувањето од власт во 2014 година избега во Русија. Тој смета дека судскиот процес е политички мотивиран.

Прорускиот Јанукович беше соборен од власт во февруари 2014 година од проевропското движење Евромајдан. Веднаш потоа Русија нелегално го анектира Кримскиот Полуостров. Москва исто така го поттикна конфликтот во источна Украина, каде што досега загинаа над 10 илјади луѓе. Меѓународниот суд на правдата во ноември 2016 година оцени дека судирите во источна Украина се „меѓународен вооружен конфликт меѓу Украина и Руската Федерација“.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико