Јапонија бара ослободување на двајцата заложници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лицата се во заложништво на групата на Исламската држава која бара откуп од 200 милиони долари.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе побара групата на Исламската држава итно да ги ослободи двајцата заложници прикажани на најновото видео во кое групата се заканува дека ќе ги убие, доколку Јапонија не плати откуп од 200 милиони долари.
Абе изрази лутина, неколку часа откако милитантите ја објавија снимката на која лице облечено во црно и со црна маска на лицето, зборува англиски и со нож во раката стои двајца мажи кои клечат на коленици и носат портокалова затвореничка облека.
Милитантите ги идентификуваат заложниците како Кенџи Гото и Харуна Јакава и ја критикуваат Јапонија за нејзината „смешна“ поддршка на воените напори на Западот за справување со групата на Исламската држава.
Јапонските војници не се дел од коалицијата под водство на САД која од август, наваму, има извршено преку 1.700 воздушни напади врз цели на ИД во Ирак и Сирија. Во саботата јапонскиот премиер изјави дека ќе обезбеди 200 милиони во невоена помош за земјите кои се борат против сунитските милитанти.
Извор: Глас на Америка