Јапонија дозволи учество на војската во воени акции во странство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјален комитет на Горниот дом на јапонскиот парламент го одобри контроверзниот закон за одбрана, кој ќе им овозможи на јапонските војници прв пат по Втората светска војна да можат да се борат во странство.
Овај потег наиде на жестоки критики, како кај пратениците, така и кај неколку илјади демонстранти пред парламентот во Токио.
Согласно овие законски измени, војската, позната како Одбранбени сили на државата, ќе имаат можност да учествуваат во борбите за заштита на сојузниците, како што се САД, и покрај тоа што не постои непосредна опасност за Јапонија и нејзините граѓани.
Во јапонскиот парламент претходно се случило тепачка помеѓу пратениците за предложениот закон.
И покрај лошите временски услови, околу 500 луѓе во пластични мантили и под чадори пред Собранието побараа од предлог законот да не се донесува.
Некои од нив носеа слики на премиерот Шинзо Абе со косата и мустаќите на Хитлер.
Во текот на изминатата недела, десетици илјади луѓе демонстрираа речиси секојдневно против донесувањето на тој закон, а синоќа се собраа пред зградата на парламентот околу 13.000.