Јапонија: Уапсени шест лица за детска порнографија, злоупотребени најмалку 168 момчиња
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јапонската полиција уапси шест мажи под обвинение за детска порнографија, која вклучува злоупотреба на најмалку 168 момчиња, објавија јапонските медиуми во петокот.
Апсењата се случуваат во период кога Јапонија се обидува да го исчисти својот имиџ пред Олимписките игри во Токио во 2020 година, пренесува RT.
Медиумите, повикувајќи се на соопштение на полицијата, објавија дека жртвите се на возраст од 4 до 13 години. Повеќе од 100.000 датотеки со детска порнографија се наоѓаат на компјутерите на уапсените лица.
Приведените се на возраст од 20 до 66 години. Некои од нив работат како волонтери во кампови на основни и средни училишта, а некои се наставници во основно училиште, јавува Reuters, додавајќи дека осомничените разменувале фотографии директно, не преку интернет, со цел да избегнат да бидат откриени.
Извор: Макфакс