Јапонската влада усвои закон што му овозможува на царот да абдицира | Правдико

Правдико

   

Јапонската влада усвои закон што му овозможува на царот да абдицира

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јапонската влада во петок го усвои законот кој на царот Акихито ќе му овозможи абдикација следната година.

Акихито со години има проблеми со здравјето и минатата година навести дека има желба да абдицира. Но, постоечките јапонски закони не предвидуваат таква можност.

Законот усвоен во петок посебно е донесен за Акихито и нема да важи за следните цареви.

Се претпоставува дека Акихито би можел да абдицира во декември 2018 година, кога ќе има 85 години.

Престолот на хризантемата ќе го наследи неговиот 56 годишен син Нарухито.

Јапонското царско семејство тврди дека има најдолга наследна линија на светот, која трае подолго од 2600 години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико