Правдико

   

Jashari ги додели решенијата за поставување постојани судски преведувачи во судовите во Република Македонија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Важноста на правото на судски преведувач, по барање на судот, државен орган, друга институција или граѓани ја наметна потребата уредување на оваа материја  во Законот за судовите и Судскиот деловник, со кои се утврдени критериумите за поставување на судски преведувачи.

1g30

Министерството за правда, ја спроведува постапката за поставување на судски преведувачи, во согласност со Законот за судовите и Судскиот деловник, на начин и под услови утврдени со Упатството.

„Ова е 14-та сесија на организирање проверка на знаењето на странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Во изминатиот период од септември 2008 година до сега успешно беа спроведени 14 сесии и испитот го положија 1.580 судски преведувачи за 24 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Истите се распоредени во 27 основни суда во Републикава. Во оваа сесија испитот го положија 130 кандидати и тоа за 17 јазици„ рече министерот за правда д-р Adnan Jashari.

На овој начин и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како  утврдена политика на унијата.

Реформите во судството, на планот на обезбедување на правото на судски преведувач, со извршените измени во законите и подзаконските акти, придонесоа да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин.

На крај министерот Jashari им честита за успешно положената проверка на знаењето на јазиците. Истата се спроведе со учество на професорите од нашите високо образовни институции, судски преведувачи и други институции, кои искажаа огромна поддршка и за нивниот придонес и заложба топло им благодарам. Се заблагодарувам и им посакувам уште поголеми успеси во нашата понатамошна соработка на овој план.

Извор: Министерство за правда

Партнери на Правдико