Јавна дискусија на тема: Предлог концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за здравство на Република Македонија организира јавна дискусија на тема сурогат мајчинство, на која се повикани и адвокатите да земат учество.
Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/2008 и 164/2013) е еден од најлибералните закони во Европа, меѓутоа до ден денешен не е направена негова ревизија и пополнување на празнините и недореченостите. Во тој контекст, како приоритет се поставува решавањето на неколку клучни прашања, меѓу кои и разрешување на дилемата дали да се воведе можноста за раѓање на дете за друг (сурогат мајчинство) и информирање за етичко-општествените прифатливи норми за сурогат мајчинството што постојат во светски рамки заради донесување на одлука и градење на став околу ова прашање.
Јавната дискусија ќе се одржи на ден 07-ми март 2014 година со почеток во 12:00 часот.
Сите заинтересирани колеги да се пријават на e-mail: d.georgiev@mba.org.mk најкасно до четврток 06-ти март.
Во прилог : Концепт за воведување на можноста за раѓање на дете за друг (сурогат мајчинство)
Извор: Адвокатска комора на РМ