Јавна опомена од Европската комисија за Хрватска и уште 5 земји | Правдико

Правдико

   

Јавна опомена од Европската комисија за Хрватска и уште 5 земји

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

European_Commission.svgПоради неспроведувањето на новиот Закон за пушење во Хрватска доби, овој пат јавна опомена, според хрватските медиуми.

Покрај Хрватска, предупредување имаше и за Кипар, Луксембург, Словенија, Шпанија и Шведска, пренесува Дневник, потсетувајќи дека до 20 мај сите земји треба да се вклучат директивата на ЕУ за пушење во законите.

Земјите-членки имаат рок од два месеци да ја информираат Комисијата за мерките преземени за решавање на прашањето. Инаку, Комисијата може да одлучи овие случаи да се изнесат пред Судот на ЕУ.

Европската комисија во Кипар, Хрватска, Луксембург, Словенија, Шпанија и Шведска испрати образложено мислење повикувајќи ги да поднесат известувања за целосно имплементирање на Директивата за тутунските производи.

Целта на овие мерки е да се подобри функционирањето на заедничкиот пазар на тутун и сродни производи, додека се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните на Европа.

Директивата предвидува дека рокот за имплементирање на нејзините одредби во националното законодавство,е до 20 мај 2016.

Досега, Шведска ја информираше Комисијата на делумно имплементирање на оваа Директива, а од Кипар, Хрватска, Луксембург, Словенија и Шпанија нема добиено известување.

Препорачуваме

Партнери на Правдико