Јавна расправа за Предлог – законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавна расправа за Предлог – законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија во организација на Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Со Предлог- законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции се уредуваат начинот и условите за реализација на активностите на јавно информирање од страна на јавните институции во целосна или доминантна државна сопственост, постапката за реализација и начинот на распределбата на буџетот за кампањи за чија реализација се предвидени над 100.000 евра, како и начинот на известување на Агенцијата за медиуми за реализираните кампањи во претходната година.
Министерството за информатичко општество и администрација претходно одржаа повеќе брифинзи и констултации во врска со текстот на законот со претставници на националните, локалните и регионалните ТВ и радија, на интернет порталите и со претставници на новинарските организации и здруженија во земјата.
Извор: 24Вести