Јавна седница во Апелација за притворот на Талески
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи втора јавна седница на која ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Седницата ќе се одржи на барање на одбраната која вложила жалба на продолжувањето на мерката куќен притвор.
Талески веќе втор месец е во куќен притвор, но неодамна обвинителите од СЈО проверуваа дали извршува градоначалнички и службени работи од дома, поради што може да побараат построги мерки за обезбедување на присуство.
Куќниот притвор на Талески истекува за два дена – на 20 август.
Извор: МЕТА.мк