Јавната седница на Апелација за случајот „Поткуп“ одложена на неопределно време
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Се одложи Јавната седница на која Апелацискиот суд требаше да одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на „Јутуб“ можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“, кој се води против премиерот Зоран Заев.
Причина за одложувањето е што судијата известител за случајот е избран за судија во Врховен суд , а нов не е назначен. Седницата се одложи на неопределено време.
Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица. Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.
Г.Н.Р.
Извор: Макфакс