Јавни набавки: Ниската тендерска цена не е гаранција за квалитет?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најниската цена во јавните набавки е клучен критериум за победа, но не е гаранција за квалитет – оценуваат европските експерти за јавни набавки.
Според нив, земјава има европската регулатива, но со решенија што не се познати во европската пракса.
За домашните бизнисмени, честото менување на законите не е во интеренс на компаниите.
За стопанствениците од регионот, еден од проблемите е кога за покрупните проекти се фаворизира домашна компанија, а со тоа не се обезбедува рамноправна трка за сите заинтересирани.
„Она што е важно да се истакне за Црна Гора е дека од основањето на ситемот за јавни набавки домашните компании не се фаворизираат, туку се изедначени со странски понудувачи, што е знак за отвореност на пазарот“, изјави Нина Дракиќ, стопанска комора на Црна Гора.
Освен транспарентноста, не само за Македонија, туку и за земјите од регионот еден од клучните предизвици е и како да се зголеми конкуренцијата во јавните набавки.
Слабост останува и недоволната кадровска екипираност и техничка подготвеност на институциите.
Новиот в.д. директор на Бирото за јавни набавки Александар Аргировски уверува дека електронскиот систем преку кој се вршат јавните набавки обезбедува транспарентност.
Проценките за годинава се дека јавните набавки ќе учествуват со 10,5 % од БДП односно зафаќаат 30 % од вкупните расходи проектирани во буџетот.
Токму јавните набавки во земјите кои се дел од Цефта беа тема на денешната регионална конфернција.
Извор: 24Вести