Јавни опомени за кумулација на функции
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Бујар Мисими, Никола Урдаревски, Александар Ѓорѓески, Кемал Али и Пеце Јовески поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:
1.Бујар Мисими – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Боговиње на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги „МОНДО КОМЕРЦ“ ДООЕЛ експорт – импорт, с. Боговиње – Боговиње
2.Никола Урдаревски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на Јавно комунално претпријатие „СКОПСКА ЦРНА ГОРА“ од с. Мирковци – Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги „АППОЛОН“ Никола ДООЕЛ увоз – извоз, с.Чучер – Чучер Сандево и овластено лице – раководител на подружница.
3.Александар Ѓорѓески – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Брвеница на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, угостителство и услуги „ТАЈСОН“ ДООЕЛ експорт-импорт село Долно Седларце – Брвеница.
4.Кемал Али – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чаир на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство и услуги „ЈЕНИ СУЛТАНС“ ДООЕЛ Скопје.
5.Пеце Јовески – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Град Скопје на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за државни патишта.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси или со откажување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат ќе се спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.
Бујар Мисими, Никола Урдаревски, Александар Ѓорѓески, Кемал Али и Пеце Јовески не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување на судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.
Извор: Државна комисија за спречување на корупција