Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска итно отпатуваа во Бугарија на местото на несреќата | Правдико

Правдико

   

Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска итно отпатуваа во Бугарија на местото на несреќата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде се сретнаа со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

На средбата, Јовески истакна дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги става на располагање сите капацитети на колегите од Бугарија со цел што поскоро утврдување на причините за трагичниот настан во кој според првичните информации 46 лица го загубија животот, а уште 7 се повредени.

„Долги години имаме професионална соработка со бугарското Обвинителство и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето“, кажа Јовески.

Утрово Јовески доби порака со сочувство за трагичниот настан од Главниот јавен обвинител на Република Бугарија Иван Гешев. „Јавното обвинителство на Република Бугарија ќе ги вложи сите напори за расчистување на настанот и утврдување на причините кои ја предизвикаа тешката сообраќајна несреќа“, увери Гешев во пораката.

Препорачуваме

Партнери на Правдико