Јавно Обвинителство: Коста Крпач извршил самоубиство, покажува предистражната постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска, 2 Јуни, Основното јавно обвинителство излезе со соопштение за досегашниот тек на предистражната постапка. Во краткото соопштение до јавноста, обвинителството изјавува дека во случајот за починатиот Крпач, станува збор за самоубиство. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:
Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К. е утврдено дека станува збор за самоубиство.
И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите.
Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.