Правдико

   

Јавно обвинителство: СМС-пораката на Русковска е израз на моментално разочарување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во соопштение изнесе официјален став откако Апелацискиот суд ја објави содржината на СМС-пораката, што обвинителката Русковска му ја испратила на еден од тројцата судии кои наводно ја донеле одлуката за куќен притвор на Катица Јанева.

Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт, а реакцијата на Русковска треба да се разбере како израз на моментално разочарување.

„Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, се нагласува во соопштението од Јавното обвинителство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико