Јавното обвинителство на РМ ги предаде предметите поврзани со прислушкувањето | Правдико

Правдико

   

Јавното обвинителство на РМ ги предаде предметите поврзани со прислушкувањето

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

obvinitelstvoЈавното обвинителство на Република Македонија известува дека Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и другите обвинителства денеска ги предадоа побараните предмети од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Воедно, постапувајќи согласно одредбите на Законот за кривична постапка и Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, основните јавни обвинителства ги предадоа и останатите предмети (31) што се оформени за кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Предавањето на предметите е согласно на Законот за кривична постапка, според кој за постапување по овие предмети е стварно надлежно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико