Јавното обвинителство со соопштение до јавноста за неовластеното снимање | Правдико

Правдико

   

Јавното обвинителство со соопштение до јавноста за неовластеното снимање

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeОсновното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите.

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.

Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.

Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.

Извор: Основно јавно обвинителство

Поврзани статии:

– Кои санкции се предвидени за неовластено снимање

 Во кои случаи судот може да нареди следење на комуникациите?

Препорачуваме

Партнери на Правдико